Сите 3 академии се во тек!
Сеопфатни и интензивни 6-месечни академии за програмери, менторирани од докажани софтверски инженери!
Сакам да учам од докажани програмери
Сакам да бидам во програмерска атмосфера
Сакам да поседувам програмерски mindset и да решавам проблеми
GSIX гордо соработува со:
Одбери ја твојата нова tech-driven кариера
Секоја академија е предводена од софтверски инженери со над 10 години искуство во IT областа и светски-признаени награди за софтверски решенија со над 18 милион корисници. Изборот е твој!
Frontend академија
Научи да создаваш веб-страни од почеток до крај. Биди одговорен за изгледот и интеракцијата на корисниците (client-side). Усоврши ги основните принципи на програмирање, HTML, CSS и програмскиот јазик JavaScript.
Backend академија
Фокусирај се на серверската страна на веб-страните. Научи да ги изработуваш и надгледуваш функционалноста на апликациите и целосната комуникација помеѓу датабазата и пребарувачот. Работи со сервери, апликации и датабази.
Android академија
Создавај квалитетни апликации за сите Android уреди во светот. Стани експерт во Јava и Kotlin и научи како да користиш Android студио. Да програмираш мобилни апликации е една од најбараните професии денес и во постојан пораст.
ФАКТ 1: Зошто треба да станеш програмер?
Да научиш да кодираш е едноставно. Ај биди ПРОГРАМЕР!
ФАКТ 2: Зошто треба да станеш програмер?
Работи од стартапи до гиганти, од Пехчево до Хавајските острови (мадам).
За тебе нема ГРАНИЦИ!
ФАКТ 3: Зошто треба да станеш програмер?
Коктели. Журки. Плажа. КОД!
ФАКТ 4: Зошто треба да станеш програмер?
Девелоперите сонуваат и остваруваат најлуди ИДЕИ!
ФАКТ 5: Зошто треба да станеш програмер?
Има проблем? Епа има и ПРОГРАМЕР 😉
ФАКТ 6: Зошто треба да станеш програмер?
За тебе не постојат проблеми, само предизвици. Уживај и наоѓај фенси РЕШЕНИЈА.
ФАКТ 7: Зошто треба да станеш програмер?
Кога работата станува COOL знаеш дека си програмер.
Кадарот на GSIX.academy го сочинуваат софтверски инженери со докажани и долгогодишни искуства во програмските јазици кои ги предаваат, алатките и развојните рамки кои се дел од академската програма за секоја академија.
Каде ќе учам?
Просториите каде се одржуваат предавањата се дел од GSIX. Ќе имаш можност да бидеш директно инволвиран во програмерска атмосфера и агендата на работниот ден на еден програмер. Плус, уживај во сите други подобности кои ги имаат IT фирмите како GSIX.
ЗОШТО GSIX.academy e вистинскиот избор?

Учи од програмери
Академија создадена од програмери за новата и напредна генерација на IT таленти.

Гради продукти
Кодот трансформирај го во продукт преку работа на реални проекти и решавање комплексни проблеми.

Прашај ментор
Нашите ментори се достапни 24/7 во текот на академијата и по нејзиното завршување.

Користи канцеларии
Престојувај во нашите канцеларии и надвор од предавањата, користи ги подобностите и програмерската атмосфера за работа.

Стартап амбиент
Дознај како е да се биде дел од стартап кој развива дигитални иновации за интернационален пазар.

GSIX.team те очекува
Биди дел од нашата заедница во која споделуваме знаење, совети, трикови и најнови програмерски вести од прва рака.
Што мислат студентите од првата академија?





FAQs
-
Кога, каде и колку ќе траат академиите?
Сите три академии ќе бидат во времетраење од 6 месеци, со паралелно одржување на предавања и вежби во попладневните часови, три пати во неделата.
За подетални информации, слободно контактирај не и посети ги нашите простории каде што ќе се одржуваат академиите. Ќе биде супер доколку се запознаеме и ги слушнеме твоите очекувања и досегашни познавања (и воопшто не е проблем ако не ги поседуваш).
Во склоп на академијата ќе имаш можност да користиш: бесплатен паркинг со секогаш слободни места, кујна со мнооогу кафе и пијалоци, бесплатен Интернет пристап и најважно од се - како изгледа и функционира IT фирма со вистински програмери.
Локација -
Дали треба да знам англиски јазик за да станам девелопер?
Предавањата и вежбите ќе се одржуваат на македонски јазик. Сепак целиот код што ќе учиме да го пишуваме е на англиски јазик, и да, нема да имаш проблем со разбирање на истиот, не треба совршено да зборуваш и разбираш англиски.
-
Дали треба да носам лаптоп?
Да, потребно е да носиш твој лаптоп.
-
Дали треба да имам претходни познавања од програмирање?
Не. Воопшто не ти е потребно искуство со програмирање. Но, сигурни сме дека знаеш како да користиш компјутер, да отвориш електронска пошта и да се приклучиш на Интернет.
-
Што ми следува после финалниот час?
Откако успешно ќе ја завршиш избраната академија, ти следува сертификат за завршената технологија. Дополнително, ќе ти помогнеме да креираш професионална биографија идентична со најдобрите програмери и ќе ти помогне да се истакнеш од големата толпа. Ќе ти го средиме и LinkedIn профилот и ќе добиеш привилегиран пристап и статус на нашата платформа за freelance/remote работа.
-
Дали навистина може да станам девелопер за 6 месеци?
Секако! Ќе учиш од искусни предавачи кои се супер-професионални софтверски инженери и спремни сениори подготвени да ти го пренесат своето огромно знаење и искуство.
Академијата ја подготвуваат самите програмери и имаат за цел агресивно да те научат и ти ги пренесат најновите технологии, методи и најдобри практики кои постојат на пазарот. Колку од ова знаење ќе примениш зависи само од твојата желба и посветеност кон остварување на целта да станеш девелопер.
Колку повеќе време посветиш на предадената материја и изработените вежби, толку ќе бидеш поподготвен по завршувањето на академијата.
Не велиме дека ќе биде лесно, но со сигурност тврдиме дека да станеш девелопер е една од најдобрите одлуки кои можеш да ги донесеш за себе.
-
Колку е износот за партиципација на академиите?
Нашата цел е да изградиме силна заедница од најдобрите програмери на едно место, затоа цената е поставена за да биде достапна за сите.
Дополнително, ќе ти излеземе во пресрет со уникатен план за исплата на партиципацијата и можност за плаќање на рати.