Биди ANDROID девелопер за 6 месеци!
Кодирај течно во Java и Kotlin во Android Studio
Научи да создаваш апликации за Android уреди со квалитетно мобилно искуство
Дознај како да го одржуваш, оптимизираш и дебагираш кодот зад мобилните апликации
ШТО ТЕ ОЧЕКУВА?
Биди Android девелопер и изработувај продукти за мобилните уреди кои припаѓаат на оваа платформа. Твоја одговорност ќе биде да поставиш и постигнеш високи стандарди при развојот на проектите во склоп на mobile development. Нашата 6-месечна академија jа менторираат софтверски инженери со 10 години искуство во развој на софтвер и светски-признаени награди за направени решенија со над 18 милиони корисници.
ЗНАЕЊЕ
Креирај мобилни апликации во Android студио и лансирај ги на Google Play. Научи ги програмските јазици Java и Kotlin и вешто оптимизирај и дебагирај го кодот за мобилни апликации.
ИСКУСТВО
Стекни практично искуство преку изработка на мобилни апликации со алатки кои ги користат програмерите и во атмосфера на реална IT компанија. Прилагоди се на трендовите и барања кои ги диктира пазарот на tech работна сила. Побарувачката за Android девелопери е во нагорен тренд.
РАБОТА
По завршувањето на академијата твојата кариера како Android девелопер може веднаш да започне. Работи во IT компании или започни кариера како фриленсер, кога сакаш и каде сакаш.

Александар Паунковски е софтверски инженер и активно работи на Android платформата почнувајќи од нејзините најрани почетоци.
Како ко-основач на GSIX е еден од 5-те софтверски инженери кои стојат зад Crack Your Screen - Android апликација наградена од Samsung со 18 милиони корисници низ целиот свет.
Александар ќе ти ја раскаже тајната и приказната зад успешно создавање на милионска мобилна апликација.

Росана Алчева е софтверски инженер со долгогодишно искуство во Android програмирање. Покрај повеќе успешни апликации, зад неа има и учество на многу работилници и хакатони поврзани со мобилни апликации. Омилен дел од секоја апликација и е изработката на UI компоненти и трансформирање на дизајните во код.
Кога не кодира, таа времето го посветува за читање и следење новости од оваа област.

Тасе Тасев е проектен лидер и софтверски инженер со над 5 години искуство во работа со Android апликации. Секогаш експериментира со нови функционалности и е активно инволвиран во подобрување на квалитетот на пишување код во Java и Kotlin.
Поседува искуство во подучување и менторство во областа на Android програмирање.

Горан Воиновски е искусен Android девелопер посветен на градење, оптимизирање и одржување на мобилни апликации. Покрај Java и Kotlin, сега започнува со креирање на мобилни апликации во Flutter.
Што ќе научам?
GSIX програмерите посветено и детално ја подготвија програмата за оваа академија до најмалите детали и e специјално наменета за ситe тие кои сакаат да ги совладаат и перфектно ги користат технологиите и алатките за да бидат Android девелопери.
Каде ќе учам?
Просториите во кои ќе се одржуваат предавањата се дел од GSIX и ќе имаш можност директно да бидеш вклучен во атмосферата која ја имаат IT компаниите, начинот на работа, агенда на еден вообичаен ден и сите дополнителни подобности во кои уживаат нашите програмери.
ШТО ЌЕ НАУЧАМ?

Научи ги основите на овој објектно-ориентиран јазик кој има многу предности и е направен од програмски елементи наречени “објекти“. Апликациите напишани во Јаva може да работат на многу различни уреди, вклучувајќи ја и Android платформата.
Програмирај ја мобилната апликација во програмскиот јазик базиран на Java и официјално поддржан од Google за развој на Android апликации во Android Studio. Постои од 2017 година и многу апликации се прекодираат од Java во Kotlin.

Изучи го сетот од алатки и технологии за развој кои ги нуди Android Software Development kit-от. Истите ќе ги користиш при градењето и тестирањето на мобилните апликации и ќе ти го направат процесот многу поедноставен.

Запознај се со backend-as-a-service платформата која нуди бази на податоци во реално време, API, повеќе начини за автентикација и многу другo. Firebase е една од најмоќните платформи за развој и подобрување на веб и мобилни апликации.

Користењето на GIT ќе ти го олесни тимското работење бидејќи неговата фукнција е следење на промените во фајловите и нивна координација. GIT е независен од интернет пристап или централен сервер.
FAQs
-
Кога, каде и колку ќе траат академиите?
Сите три академии ќе бидат во времетраење од 6 месеци, со паралелно одржување на предавања и вежби во попладневните часови, три пати во неделата.
За подетални информации, слободно контактирај не и посети ги нашите простории каде што ќе се одржуваат академиите. Ќе биде супер доколку се запознаеме и ги слушнеме твоите очекувања и досегашни познавања (и воопшто не е проблем ако не ги поседуваш).
Во склоп на академијата ќе имаш можност да користиш: бесплатен паркинг со секогаш слободни места, кујна со мнооогу кафе и пијалоци, бесплатен Интернет пристап и најважно од се - како изгледа и функционира IT фирма со вистински програмери.
Локација -
Дали треба да знам англиски јазик за да станам девелопер?
Предавањата и вежбите ќе се одржуваат на македонски јазик. Сепак целиот код што ќе учиме да го пишуваме е на англиски јазик, и да, нема да имаш проблем со разбирање на истиот, не треба совршено да зборуваш и разбираш англиски.
-
Дали треба да носам лаптоп?
Да, потребно е да носиш твој лаптоп.
-
Дали треба да имам претходни познавања од програмирање?
Не. Воопшто не ти е потребно искуство со програмирање. Но, сигурни сме дека знаеш како да користиш компјутер, да отвориш електронска пошта и да се приклучиш на Интернет.
-
Што ми следува после финалниот час?
Откако успешно ќе ја завршиш избраната академија, ти следува сертификат за завршената технологија. Дополнително, ќе ти помогнеме да креираш професионална биографија идентична со најдобрите програмери и ќе ти помогне да се истакнеш од големата толпа. Ќе ти го средиме и LinkedIn профилот и ќе добиеш привилегиран пристап и статус на нашата платформа за freelance/remote работа.
-
Дали навистина може да станам девелопер за 6 месеци?
Секако! Ќе учиш од искусни предавачи кои се супер-професионални софтверски инженери и спремни сениори подготвени да ти го пренесат своето огромно знаење и искуство.
Академијата ја подготвуваат самите програмери и имаат за цел агресивно да те научат и ти ги пренесат најновите технологии, методи и најдобри практики кои постојат на пазарот. Колку од ова знаење ќе примениш зависи само од твојата желба и посветеност кон остварување на целта да станеш девелопер.
Колку повеќе време посветиш на предадената материја и изработените вежби, толку ќе бидеш поподготвен по завршувањето на академијата.
Не велиме дека ќе биде лесно, но со сигурност тврдиме дека да станеш девелопер е една од најдобрите одлуки кои можеш да ги донесеш за себе.
-
Колку е износот за партиципација на академиите?
Нашата цел е да изградиме силна заедница од најдобрите програмери на едно место, затоа цената е поставена за да биде достапна за сите.
Дополнително, ќе ти излеземе во пресрет со уникатен план за исплата на партиципацијата и можност за плаќање на рати.