Биди BACKEND девелопер за 6 месеци!

  • iconПоврзувај датабази, апликации и сервери
  • iconБиди скриениот херој зад секоја апликација
  • iconКреирај и мониторирај ги функционалности на веб-страните

ШТО ТЕ ОЧЕКУВА?

Биди backend девелопер и управувај со серверската страна на апликациите како и со целосната комуникација помеѓу датабазата и пребарувачот преку нашата 6-месечна академија водена од страна на софтверски инженери со 10 години искуство во развој на софтвер и светски-признаени награди за направени решенија со над 18 милиони корисници.

Feature icon

ЗНАЕЊЕ

Креирај ги функционалностите во позадинскиот (серверски) дел на апликациите. Запознај се со функционирањето на датабазите, серверите, API логиката и интеграцијата. Успешно совладај ги фундаментите и насоките во програмирањето.

Feature icon

ИСКУСТВО

Стекни практично искуство преку работа на проекти со пристап до алатки кои ги користат програмерите и во атмосфера на реална IT компанија. Backend девелоперите се основата на секоја апликација и меѓу најбараните професии денес.

Feature icon

РАБОТА

По завршувањето на академијата твојата кариера како backend девелопер може веднаш да започне. Работи во IT компании или започни кариера како фриленсер, кога сакаш и каде сакаш.

Што ќе научам?

GSIX програмерите посветено и детално ја подготвија програмата за оваа академија до најмалите детали и e специјално наменета за ситe тие кои сакаат да ги совладаат и перфектно ги користат технологиите и за да бидат backend девелопери.

Преземи ја целосната програма

Каде ќе учам?

Просториите во кои ќе се одржуваат предавањата се дел од GSIX и ќе имаш можност директно да бидеш вклучен во атмосферата која ја имаат IT компаниите, начинот на работа, агенда на еден вообичаен ден и сите дополнителни подобности во кои уживаат нашите програмери.

Локација

  • parking
  • wifi
  • coffee
  • xBox
  • pet

ШТО ЌЕ НАУЧАМ?

Научи како да кодираш во PHP бидејќи тој е еден од најчестите програмски јазици врз кои се градат веб платформите. Со PHP ќе знаеш како да управуваш со серверската страна и ќе создаваш статички и динамични веб решенија и апликации.

Изучи ги основните концепти за градење на датабази како и операциите со бази на податоци. Манипулирај со базите на податоци и комуницирај со нив преку SQL. Научи како да ги користиш алатките и техниките при развојот на веб решенијата.

Научи да работиш со развојната рамка базирана на PHP и да ги имплементираш опциите кои таа ги нуди. Laravel содржи многубројни и корисни карактеристики кои ќе ти овозможат да градиш веб страни на елегантен начин.

Користењето на GIT ќе ти го олесни тимското работење бидејќи неговата фукнција е следење на промените во фајловите и нивна координација. GIT е независен од интернет пристап или централен сервер.

FAQs

  • Кога, каде и колку ќе траат академиите?

    Сите три академии ќе бидат во времетраење од 6 месеци, со паралелно одржување на предавања и вежби во попладневните часови, три пати во неделата.

    За подетални информации, слободно контактирај не и посети ги нашите простории каде што ќе се одржуваат академиите. Ќе биде супер доколку се запознаеме и ги слушнеме твоите очекувања и досегашни познавања (и воопшто не е проблем ако не ги поседуваш).

    Во склоп на академијата ќе имаш можност да користиш: бесплатен паркинг со секогаш слободни места, кујна со мнооогу кафе и пијалоци, бесплатен Интернет пристап и најважно од се - како изгледа и функционира IT фирма со вистински програмери.

    Локација

  • Дали треба да знам англиски јазик за да станам девелопер?

    Предавањата и вежбите ќе се одржуваат на македонски јазик. Сепак целиот код што ќе учиме да го пишуваме е на англиски јазик, и да, нема да имаш проблем со разбирање на истиот, не треба совршено да зборуваш и разбираш англиски.

  • Дали треба да носам лаптоп?

    Да, потребно е да носиш твој лаптоп.

  • Дали треба да имам претходни познавања од програмирање?

    Не. Воопшто не ти е потребно искуство со програмирање. Но, сигурни сме дека знаеш како да користиш компјутер, да отвориш електронска пошта и да се приклучиш на Интернет.

  • Што ми следува после финалниот час?

    Откако успешно ќе ја завршиш избраната академија, ти следува сертификат за завршената технологија. Дополнително, ќе ти помогнеме да креираш професионална биографија идентична со најдобрите програмери и ќе ти помогне да се истакнеш од големата толпа. Ќе ти го средиме и LinkedIn профилот и ќе добиеш привилегиран пристап и статус на нашата платформа за freelance/remote работа.

  • Дали навистина може да станам девелопер за 6 месеци?

    Секако! Ќе учиш од искусни предавачи кои се супер-професионални софтверски инженери и спремни сениори подготвени да ти го пренесат своето огромно знаење и искуство.

    Академијата ја подготвуваат самите програмери и имаат за цел агресивно да те научат и ти ги пренесат најновите технологии, методи и најдобри практики кои постојат на пазарот. Колку од ова знаење ќе примениш зависи само од твојата желба и посветеност кон остварување на целта да станеш девелопер.

    Колку повеќе време посветиш на предадената материја и изработените вежби, толку ќе бидеш поподготвен по завршувањето на академијата.

    Не велиме дека ќе биде лесно, но со сигурност тврдиме дека да станеш девелопер е една од најдобрите одлуки кои можеш да ги донесеш за себе.

  • Колку е износот за партиципација на академиите?

    Нашата цел е да изградиме силна заедница од најдобрите програмери на едно место, затоа цената е поставена за да биде достапна за сите.

    Дополнително, ќе ти излеземе во пресрет со уникатен план за исплата на партиципацијата и можност за плаќање на рати.